Комичарот и актер Лесли Џордан и актерката/извршен директор/продуцент Трејси Елис Рос ги објавија номинациите за Оскар 2022 година во сите 23 категориите, преку глобален онлајн пренос во живо. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март.
Филмот „Моќта на кучето” (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина”, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна” и „Белфаст” добија по седум номинации.
Режисерката на „Моќта на кучето” Џејн Кемпион е првата жена номинирана повеќе од еднаш во категоријата за најдобар режисер. Таа претходно беше номинирана за „Пијано”.
Стивен Спилберг постави и нов рекорд – со номинацијата за „Приказни од западната страна” продуцираше дури 11 филмови номинирани за најдобар филм.
Во продолжение листа на филмови со најмногу номинации:
“The Power of the Dog” – 12, “Dune” – 10, “Belfast” – 7, “West Side Story” – 7, “King Richard” – 6, “Don’t Look Up” – 4, “Nightmare Alley” – 4, “Drive My Car” – 4.
За најдобри филмови номинирани се: „Belfast”, „CODA”, „Don’t Look Up”, „Drive My Car”, „Dune”, „King Richard””, „Licorice Pizza”, „Nightmare Alley”, „The Power of the Dog” и „West Side Story”.
Во категоријата за најдобар актер ќе се натпреваруваат Хавиер Бардем, Бенедикт Камбербач, Ендрју Гарфилд, Вил Смит и Дензел Вашингтон.
За најдобра актерка номинирани се Оливија Колман, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кристен Стјуарт и Џесика Честејн.
За Оскар за најдобра режија номинирани се Кенет Брана, Риусуке Хамагучи, Пол Томас Андерсон, Џејн Кемпион и Стивен Спилберг.
МИА
фото: Netflix