Ветер, дожд и снег, но се очекува стоплување – Во Маврово најстудено, но и најмногу снег – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 8:41 AM

Ветер, дожд и снег, но се очекува стоплување – Во Маврово најстудено, но и најмногу снег

Времето денеска ќе биде облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се намалува. Температурата ќе достигне до 13 степени.
Во Скопје облачно со слаб ветер и температура до 8 степени.
Во следните денови времето ќе биде облачно со сончеви периоди и пораст на температурата.

Во четврток и петок ќе има утринска магла, а во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 47 сантиметри, потоа на Попова Шапка -25, Пожаране 23, Крушево 22…

Според УХМР најстудено утрово било во Маврови Анови каде се измерени -12 степени, во Битола -7, Охрид – 6,  во Крива Паланка, Дебар и Попова Шапка се измерени – 5, во Крушево -4, во Тетово, Берово и Претор – 3, во Прилеп и Струмица – 2, во Виница -1. Најтопло било во Гевгелија, каде се измерени пет степени.