Фолк ѕвездата Јелена Карлеуша денеска се појави во Третиот општински суд во Белград каде уште еднаш го привлече вниманието со својот стајлинг.
Пејачката овој пат ја избра комбинацијата бело-тиркизна, а само едно парче на неа чини 2.150 долари или 1.882 евра.
Станува збор за бела чанта која сезонава е полн погодок и по која „лудуваат“ многу жени, а брендот е „Balenciaga“.
Јелена носеше и „теди“ сино палто кое одлично прилегаше со бели панталони, чизми и чанта, а како аксесоари носеше и очила за сонце, исто така во бела боја.
Секој стајлинг на Карлеуша отсекогаш бил забележан, а она што е карактеристично за изборот на нејзината гардероба кога оди на проба е тоа што секогаш избира скапа чанта за таа пригода, но и чевли.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Инстаграм,karleusastar