Како што наближува Денот на вљубените, така и заљубените парови се под се’ поголем притисок како да ја изненадат саканата личност и да ја израдуваат на впечатлив начин. Тоа е денот кога низ цел свет се слави љубовта. Овој ден е совршен за да покажете колку ви значи саканата личност, а тоа да го направите на малку поразличен начин.
Ако сакате годинава да имате поинаков Ден на вљубените, во продолжение прочитајте неколку интересни идеи кои може да ги „реобликувате“ според ваш вкус.
Романтична вечера за паметење
Приуштете си и себеси и на вашата сакана личност, романтична вечера во некој интересен ресторан кој не го посетувате толку често. Таквата атмосфера ќе биде посебен спомен за вас.
Шолја со ваша заедничка фотограија
Маица на која ќе биде испечатена ваша фотографија или некоја љубовна порака
Рамка со ваша заедничка фотографија
Парфем – одберете го оној кој вие би сакале да го пчувствувате на кожата на саканата личност
Срце – плишено, хартиено или од метал, украс во вид на срце ќе биде симбол за вашата љубов
Накит – независно дали се работи за прстен, ланче или бразлетна, накитот е секогаш добредојден особено за жаните
Долна облека – за паровите, особено оние кои се во подолга врска, долната облека би можела да биде прекрасен избор
Чоколадна торта во облик на срце
Фото: Илустрација / Designed by Freepik