Енис Барди осуден на две години условно затоа што возел со лажна возачка дозвола – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/22 4:28 PM

Енис Барди осуден на две години условно затоа што возел со лажна возачка дозвола

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди доби четири месеци затворска казна од судот во Валенсија затоа што возел со лажна возачка дозвола.

Од судот во Валенсија е осуден на четири месеци затворска казна затоа што возел без возачка, односно возел со возачка дозвола која ја добил во Македонија, за која се утврдило дека е лажна.

Барди ја прифатил казната, откако на судењето признал дека документот што и го покажал на локалната полиција на Валенсија е лажен.

Судијата ја суспендира активната затворската казна и ја заменил со условна казна од две години со опомена дека истата ќе се активира доколку играчот од средниот ред повторно направи кривично дело.  Барди ќе плати и парична казна од 1.920 евра.

Барди во април минатата година бил запрен во рутинска контрола возејќи Порше Панамера во северниот круг на градот. Откако ја побарал документацијата за автомобилот и возачката дозвола, еден од локалните полицајци потврдил дека вториот документ не ги задоволува безбедносните стандарди.