Аларм за узбуна е ако на една рака изброите водење љубов за еден месец – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/22 2:01 PM

Аларм за узбуна е ако на една рака изброите водење љубов за еден месец

Повремените ситни кавги  што би можеле да се наречат и размена на мислења, не се проблем во партнерството. Треба да се грижите кога ситните кавги се секојдневни, постојани и пред сè неконструктивни – кога партнерите неразумно се навредуваат, се осветуваат, цинични се и зајадливи еден кон друг.
Дали го правите тоа? Размислете и итно сменете го вашето однесување ако се карате само со цел да ја повредите другата половина, а не да го решите проблемот, како што правевте додека ви „цутеа розите“. Во спротивно, нешто навистина не е во ред со вас и треба да побарате помош од психолог.
Бездната се продлабочува
Тишината меѓу партнерите обично следи ако се скарале пожестоко и таа трае некое време: за некои парови пет минути, за некој час или два, а за некои – цела вечност!
Вообичаениот недостиг на комуникација укажува на криза која не е помала од таа што ги прави постојаните кавги. Со откажување од разговор, ништо не се постигнува, само се продлабочува бездната меѓу двајца. Изградете мост меѓу бесмислената кавга и тишината. Тоа е, на прво место, искрен разговор.
(Не)искреност на вага
Односот со партнерот може брзо да се расипе ако искрената врска не се вгради во нејзината основа, со меѓусебно почитување. На пример, ако сте во брак, мажот излегува на пијачка после работа со пријателите, а тој ја известува сопругата дека мора да работи подолго – му наредил шефот поради многу работа. Или пак, сопругата купува нов фустан, чевли и не му кажува на партнерот со надеж дека нема да ја забележи разликата во дефицитот во домашниот буџет.
Некои тврдат дека се тоа само ситни лаги. Но, тие се сепак лаги! Со текот на време, стануваат секојдневие, а партнерите не се свесни за нив. Затоа што доволно се оддалечиле што воопшто не им пречи тавата ситуација.
Физичко дистанцирање
Кога ќе можете да изброите на прстите од едната рака колку пати сте воделе љубов во последниот месец, ќе се огласи алармот. Тоа нема долго да трае, ако во меѓувреме најдете грст радост при размената на поглед, едноставните прегратки, ракувања.
Но, кога на еден од партнерите му треба значително повеќе животен простор и време само за себе, нормално е да се запрашате, каде води тоа бидејќи некомпатибилноста ќе стане генератор на конфликти и на отуѓеност. Доаѓањето на дете во семејството уште повеќе ги истакнува тие разлики, а сакале или не, тоа ќе биде причина за криза во врската, затоа што делат заеднички живот двајца различни луѓе.

извор: Kurir.rs