Американскиот комичар Ник Кенон објави дека очекува дете со Бри Тјеси, неколку недели откако откри дека неговиот син Зен од врската со моделот Алис Скот починал од тумор на мозокот, а имал само пет месеци.
Ник Кенон (41) доби на подарок автомат со кондоми по објавата дека ќе добие осмо дете.
– Изгледа дека некој ми испратил подарок за Валентајн! Автомат полн со кондоми – напиша Кенон на социјалните мрежи.
Тој и откри на јавноста дека неговиот терапевт го советувал да влезе во целибат откако споделил дека Тјеси е бремена.
Кенон го започнал својот целибат откако дочека четири деца со три различни жени за помалку од година дена, а со оглед на тоа дека ова му е осмо дете, се чини дека целибатот не му одговарал.
Извор: 24sata.hr
Фото: Инстаграм