Ставре Јада трет од позади на спринтот од 1,5 километри на ЗОИ во Пекинг – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/22 10:56 AM

Ставре Јада трет од позади на спринтот од 1,5 километри на ЗОИ во Пекинг

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада имаше симболичен настап на денешниот спринт на 1,5 километри на Олимпијадата во Пекинг.

На ЗОИ Пекинг 2022, Ставре Јада ја заврши својата прва трка (1,5 км спринт) и на олимписката патека во Жангчиаку постигна резултат од 3:29:13 (заостаток од 44:10 секунди зад победникот на оваа квалификациона трка), со што го освои 86 место во конкуренција на 88 спортисти.
Во останатиот период тој ќе продолжи да се подготвува за неговата втора и последна трка, која на програмата на ЗОИ е на 19ти Февруари.

Четвртфиналната трка е закажана за 12:02 минути, полуфиналето за 12:45, а спринтот кој ќе одлучи за медалите е предвиден да стартува во 13:11 часот.