Францускиот фудбалер Курт Зума (27) стана тема број еден во британските медиуми откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ги малтретира своите куќни миленичиња, а навивачите останаа згрозени колку фудбалерот е суров кон животните.
На снимката се гледа како Зума ја удира мачката како фудбалска топка, а потоа ја брка низ домот за да ја удри, сето тоа додека неговиот брат Јоан снима и се смее.
Освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите со Челзи, сега играч на Вест Хем, покажа бруталност кон домашното милениче поради што сите побараа од него одговорност и казна. Во меѓувреме Зума се извини поради грдиот потег, но во Англија може да добие и затворска казна поради бруталност кон животните од шест месеци до пет години со неограничена парична казна.
A video obtained by The Sun allegedly shows footballer Kurt Zouma kicking and hitting his cat.
It’s absolutely disgusting and disturbing footage. I hope he is prosecuted for animal cruelty. pic.twitter.com/3K7xMeHh5j
— Emily Hewertson 🇬🇧 (@emilyhewertson) February 7, 2022
Извор: Mondo.rs
Фото: Mondo