Времето денеска ќе биде облачно и студено, а во планинските подрачја ќе провејува снег. Ќе дува силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час.
Максималната температура ќе биде до 8 степени.
Во Скопје и околината, облачно со силен северен ветер и температура до 6 степени.
Во следните денови се очекува пораст на температурата.
На патиштата низ државата, пак, се уште има забрани за двожење. На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан има забрана за тешки товарни возила, а на планинскиот превој Стража е укината утринава во 06:40 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Утрово во Маврови Анови е измерена најниска температура од минус седум, во Крушево -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, а најтопло, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија.
Во Маврови Анови има највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри во Крушево, 25 Попова Шапка…
За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 во л/м2 има наврнато во Маврово, 21 Дебар, 17 Битола…