Северина во Штип ќе заработи колку Ѓорѓе Иванов за две години – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/18 12:59 PM

Северина во Штип ќе заработи колку Ѓорѓе Иванов за две години

Продолжува трката која општина колку повеќе да плати на ех- ЈУ ѕвездите на општинските манифестации.

На Пастрмалијадата во Штип,  по две недели, главна ѕвезда е Северина, која веројатно ќе го заработи најскапиот хонорар последните години даден на еден пејач на Пастрмалијадата.

Северина ќе заработи над 10.000 евра повеќе од Лепа Брена лани, а близу толку колку Здравко Чолиќ пред две години.

Нема да кажеме точен износ, само ќе си поиграме со бројките. Можете и сами да пресметате. Во само една вечер, Северина ќе си замине со 27 месечни плати на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Неизвесно е дали Сверина во Штип ќе долета со приватен авион, како што замина деновиве во непознат правец, по скандалот со експлицитните фотографии.

Северина заминува со нејзиниот приватен авион после скандалот со сликите