Трагикомедија на олимписките игри: Хокеарки играа меч со маски на лицето – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 3:17 PM

Трагикомедија на олимписките игри: Хокеарки играа меч со маски на лицето

Необични сцени се случуваат на Зимските олимписки игри во Кина. Откако Австралија реагираше, на нејзината олимпијка која беше позитивна на ковид и беше дозволено да се натпреварува во Пекинг, а сега се случи уште фарса – хокеарките на Русија и Канада играа натпревар со маски на лицето!

Бизарниот меч на хокеарскиот турнир пројде во знакот на одложувања и страв дека нема да се одигра.

Се почна кога мечот беше одложен за еден час затоа што Канаѓанките одбија да излезат на мразот без потврда од ковид-тестовите на рускиот тим. Овие тестирања се прават на денот на натпреварот, но рускиот олимписки комитет тестирањето го одржи три часа после појадокот и тимот во салата стгина без потврда за негативни резултати.

Судиите најдоа компромис така што хокејарките на двете селекции излегоа со маски на лицето кои го носеа под шлемовите.

Во третата четвртина им беше дозволено да ги симнат маските откако стигнаа резултатите на Русинките, но Канаѓанките го одбија тоа затоа што три руски хокеарки беа позитивни на коронавирусот, а не беа дел од мечот.

Мечот го доби Канада со 6-1, а Рускиот олимписки комитет на Твитер го опиша случајот како трагикомедија.

извор: Mondo.rs

фото: Twitter