Канадскиот сноубордер Макс Паро е херојот на олимписките игри во Пекинг. Тој освои златен медал во дисциплината слоуп стајл што беше цреша на шлагот во неговата кариера која последниве четири години ја одбележа борбата со тешката болест која му беше дијагностицирана во 2018 година.
За Паро ова беше прво олимписко злато откако на Зимските олимписки игри во 2018 година освои сребрен медал. Тој во меѓувреме успеа да го победи ракот и да ја добие најтешката битка во животот.
– Ова се специјални моменти за мене, имав перфектно возење, најдобро во мојата кариера. Никогаш немам извозено вака, се беше кристално чисто. По хемотерапијата и ракот, ништо не земам здраво за готово. Битката која ја добив ме направи подобар сноубордер, но и подобар човек. Го ценам секој ден од животот, го ценам секое утро и се обидувам да останам насмеан, – изјави херојот на денот од Пекинг.
фото: https://www.upi.com/