Веројатно многу пати сте слушнале дека не треба да наздравувате со чаша вода. Всушност, потеклото на оваа чудна изрека има корени од античко време. Според верувањата на старите Грци, душата по човечката смрт оди во подземниот свет на мртвите (Хад), каде што има тажна рамнина со диви бели цветови. Низ оваа рамнина течат пет реки, а една од нив е „Лета“ – реката на заборавот. Оние кои верувале во реинкарнација верувале дека душата на покојникот пиела вода од оваа река за да го заборави претходниот живот и страдањата во него и за да се подготви за нов живот.
Токму во ова верување на старите Грци лежи коренот на обичајот да не се наздравува со вода, бидејќи се верува дека ако го направите тоа, некому посакувате несреќа, а можеби и смрт. Исто така, се верувало дека наздравувањето со вода може да го предизвика гневот на боговите. Водата не била вообичаен пијалок за боговите и се сметала за здодевен и неутрален пијалок и дека секој што наздравувал ќе доживее трагична судбина.
извор: Alo.rs