За прв пат по осум години, иконата на прелистувачот Google Chrome ќе биде променета.
Google одлучи дека 2022 година ќе биде година кога ќе модернизира се, а првото нешто што ќе направи е да ја смени иконата за Google Chrome.
Оригиналното лого на Chrome од 2008 година беше 2D, па во 2011 година беше сменето во 3D, а во 2014 година иконата беше модернизирана за последен пат и не е сменета веќе осум години.
Google исто така сака иконата на Chrome да изгледа исто на секој оперативен систем, бидејќи има разлики кај Windows, macOS, ChromeOS …
Ажурирањето започна во недела наутро и полека луѓето ќе добиваат нова икона, додека во следните два месеца сите корисници на сите платформи ќе добијат нов изглед на иконата на Chrome.
Chrome 100 ќе излезе на крајот на март, па ќе го заврши редизајнот и ажурирањата од тој тип и сите ќе имаат нова икона.
извор: B92.net