Со еликсир од мед, лук, лимон и ленено семе против белите влакна – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 11:53 AM

Со еликсир од мед, лук, лимон и ленено семе против белите влакна

Секоја жена доживува шок кога ќе го види првото бело влакно на косата. Што можете да направите за да спречите предвремено побелување? Како да го забавите овој процес, до кој доаѓа особено ако сте постојано под стрес и работите напорна работа? Да, стресот дома и менталниот притисок на работа се главните причини за белата коса. Сепак, има надеж – има ново, чудесно решение како да се ослободите од белите влакна!
Со модерниот начин на живот, кога луѓето почнуваат да работат се повеќе и повеќе, не е невообичаено да се видат млади луѓе под 30 години со бела коса. Загадувањето е уште една главна причина што доведува до изумирање на пигментните клетки одговорни за бојата на косата. Тие се  меланоцити бидејќи произведуваат меланин, кој всушност и дава боја на косата. Додека генетиката и стареењето се примарните причини зошто косата ја губи бојата, надворешните фактори, токсините и хемикалиите од лекови се оние кои го забрзуваат процесот.
Моќно и магично решение е природен лек, направен од едноставни состојки кои сите ги имаме во домот, а чии својства со години се почитуваат бидејќи се покажале како ефикасни за многу здравствени проблеми. Овој еликсир не само што го спречува побелувањето на косата, туку е корисен и за кожата, но и за очите.
За да го направите потребни ви се: 200 грама масло од ленено семе, 3 мали чешниња лук, 4 лимони, 1 килограм мед.
Подготовка на еликсирот. Најпрво излупете го лимонот и ставете го во блендер заедно со лукот и изблендирајте. Додадете масло од ленено семе и мед, па повторно изблендирајте. Истурете ја смесата во стаклена тегла, никогаш пластична. Чувајте го во фрижидер.
Дозирање: Земете по една лажица три пати на ден, 30 минути пред јадење. Секогаш користете дрвена лажица, а не метална. Резултатите ќе ги забележите многу брзо; ќе се изненадите кога ќе видите како овој чудесен напиток ја отстранува белата коса!

извор: Alo.rs