Австралија покажа двојни аршини во грижата за светските спортисти откако се фаќаше врски нивната спортистка да настапува на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Половина месец траеше политичката фара и прогонот на Новак Ѓоковиќ од Австралија иако во таа земја пристигна со валиден медицински документ за да се натпреварува на Австралија Опен без да биде вакциниран, а сега Тали Гил која се натпреварува во карлинг направи вистинска драма во Пекинг.
Доби позитивен тест на ковид-19 и беше опомената дека треба да ја напушти Кина заедно со нејзиниот партнер во карлинг, Дин Хјуит.
Веќе ги спакува торбите, но пред мечот со Швајцарија сепак доби потврда дека ќе може да се натпреварува по жалбата на нејзината земја. Таа и позитивна на ковид-19 ќе може да се натпреварува на Зимските олимписки игри!
Еден бразилски портал ја објави веста под наслов „Откако Ѓоковиќ го третираа како крадец, Австралија доби дозвола за натпреварувачка да се учествува позитивна на ковид-19“.
Após tratar Djokovic como bandido por não apresentar passaporte vacinal, Austrália consegue liberação para atleta competir com COVID-19 https://t.co/K4OvsKJPcX
— Terra Brasil Notícias (@TerraBrasilnot) February 6, 2022
фото: terrabrasilnoticias.com/