Прв трофеј за Сенегал во Африканскиот куп на нации – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 9:28 AM

Прв трофеј за Сенегал во Африканскиот куп на нации

Победник на Африканскиот куп на нации 2022 е репрезентацијата на Сенегал. Во финалето во Јаунде, синоќа Сенегалците ја совладаа селекцијата на Египет во пенал рулетот.

Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија нерешено – 0:0. Сенегал можеше да постигне гол во првото полувреме, но Садио Мане не реализираше пенал. Неговиот удар го одби египетскиот голман Мохамед Абугабал. Тоа се случи во седмата минута.

Во серијата пенали, Сенегалците беа попрецизни – 4:2. Победничкиот пенал го реализира Мане.

За Сенегал ова е прв трофеј во Купот на нации на Африка.

Египет остана на седум титули, што е рекорд. Африканскиот куп на нации се одржа во Камерун од 9 јануари до 6 февруари.

МИА

фото: eurosport.com