Денес дожд и снег, од утре сонце и повисоки температури – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 8:31 AM

Денес дожд и снег, од утре сонце и повисоки температури

Времето денес ќе биде облачно, попладне  со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На некои места ќе се формира нова снежна покривка а ќе дува засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, пообилни  попладне, а во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер.

Температурата ќе достигне  до10 степени.

Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.