Владата купува цвеќе за 48.000 евра- Икебаните по 112 евра, а ќе изнајмува и зимзелени дрва по 94 евра на ден – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 11:05 AM

Владата купува цвеќе за 48.000 евра- Икебаните по 112 евра, а ќе изнајмува и зимзелени дрва по 94 евра на ден

Владата ќе се освежува со ново цвеќе. Набавува икебани од по речиси 112 евра по парче, венци, новогодишни украси, а и изнајмува зимзелени дрва за кои треба да плати по 94 евра на ден.

Тендерот на Службата за општи и заедничлки работи на Владата за набавка на режанио цвеќе го добила фирмата Триста груп за која уште во 2019 година се крена многу врева во јавноста кога доби тендер вреден 60.000 евра  исто од СОЗР за хортикултурно уредување на државните институции за три години. Таа била единствената компанија која се јавила и на оваа  поедноставената постпака за набавка на режано цвеќе за СОЗР.

Според набавката, СОЗР бара по повеќе икебани во најразлични димензии и најразлични видови на цвеќе. Од најскапата икебана вредна над 112 евра  или по 6.900 денари набавува 70 парчиња. За нив вкупно треба да плати  над 487.000 денари или 7.924 евра. Икебаната треба да биде и висока и шиока по 70 до 80 сантиметри, и во неа да има повеќе видови цвеќе. Или осум „Fatsia japonica“, потоа две црвени антариуми, 12 гербери, 14 холандски рози, осум папрати,  шест кали и шест хризантеми.

Покрај овие 70 најскапи икебани СОЗР набавува уште 13 различни видови на други икебани по цени од над  1.200 до кај 4.000 денари во зависност од големините и видот на цвеќе кое е во нив. Од некои се набавуваат по неколку парчиња, а од некои и по 190 икебани.

Вториот дел во набваката се букетите. Има пет различни видови, најскапите два, од кои набавуваат по пет букети, се со цена од речиси 4.500 денари или 73 евра.

Потоа дел од набавката се и седум видови на венци по цени од 73 до 112 евра. Разликите се во големината и во видовите на цвеќе кои го содржат, а најчесто се истите видови на цвеќа како во икебаните и букетите.

Покрај ова во набавката вллегуваат и новогодишни аранжмани и декорации од кој најскапиот е околу 40 евра.

Но покрај се ова, СОЗР  ќе изнајмува и дрва од компанијата  „Триста груп“. Станува збор за изнајмување на зимзелени декоративни дрва- солитери во саксии од кои најголемата чини 94 евра од ден, од кои се „пикирани“  пет парчиња. А ќе се изнајмуваат и жардинери од кои најскапата е 20 евра од ден.

(А.С.)