Кога јадеме банана, едвај чекаме да се ослободиме од нејзината кора, која ни изгледа сосема бескорисна, па дури и може да мириса лошо. Верувале или не, кората од банана сепак може да се користи за уште една работа, која нема врска со диета.
Следниот пат кога ќе одите да ја фрлите во ѓубре, ви препорачуваме пред да го направите тоа, да го проверите вашиот чевларник, да ги извадите вашите кожени чевли и да ги полирате со кора од банана. Мешавината од природни масла и калиум во кората од банана ја храни кожата на чевлите на сличен начин како и средствата што би ги користеле за оваа намена. Со користење на овој поприроден метод ќе заштедите многу пари, а вашите чевли ќе блескаат како нови.
Доколку се плашите дека остатоците од бананата кои ќе се залепат за нејзината кожа ќе останат на вашите чевли, вашиот страв е целосно основан. Да, тоа понекогаш навистина се случува, сепак, постои решение за овој проблем, а тоа е да ги полирате чевлите исклучиво со кора од помалку зрели банани.
Преземено од: https://citymagazine.danas.rs/