Поп ѕвездата Бијонсе реши да започне нов бизнис, па неодамна откри дека почнала да одгледува пчели и да основа сопствена фарма за коноп.
Имено, во медот таа ги открила лековитите својства кои имаат корист кај неа и нејзините ќерки во борбата против алергиите.
– Во медот најдов лековити својства кои ми користат мене и на моите деца. Сега градам фарма за коноп и мед. Имам дури и кошници со пчели на покривот! – открила пејачката.
Како што се наведува, таа моментално има околу 80 илјади пчели, а годишно прави неколку стотици тегли мед.
Поп дивата не откри каде точно се наоѓаат нејзините фарми, а бидејќи поседува неколку имоти би можела да биде секаде.
Преземено од: https://www.alo.rs/