Светот во шок! Кога кралицата Елизабета Втора ќе умре сака Камила да стане кралица! – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/22 12:22 AM

Светот во шок! Кога кралицата Елизабета Втора ќе умре сака Камила да стане кралица!

Кралицата Елизабета Втора објави изненадувачка вест по повод 70-годишнината од нејзиното владеење. Таа во пораката навела дека сака Камила, војвотката од Корнвол, да биде кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал.

Кралицата рече дека тоа е нејзина „искрена желба“.

„Моја искрена желба е, кога ќе дојде тоа време, Камила да биде позната како кралица на сопругот“, напишала кралицата.

„Кралица на сопругот“ се однесува на сопружникот на владејачкиот крал и би значело дека кралица Камила е нејзината идна титула.
Утре кралицата Елизабета Втора ќе стане првата британска владетелка која е на тронот цели 70 години, со што ќе започне годината на нејзиниот платинест јубилеј. Историскиот датум нема да биде одбележан со голема церемонија, бидејќи 95-годишната кралица традиционално ја поминува годишнината од смртта на нејзиниот татко далеку од очите на јавноста.

Нејзиното владеење започна кога имала 25 години и кога дознала за смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, во зафрлениот дел на Кенија со нејзиниот сопруг принцот Филип. Родена на 21 април 1926 година, Елизабета Втора го презеде тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Таа е и единствениот член од кралското семејство што се приклучи на вооружените сили. Елизабета Втора е светскиот шеф на држава која најмногу патувала, посетила повеќе од 110 земји, но никогаш не користела пасош бидејќи нема. Таа е и единствената личност која и е дозволено да вози без возачка дозвола во Британија.

ИЗвор: mondo.rs