Вечерајте со Трамп за „само“ 250.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 7:13 PM

Вечерајте со Трамп за „само“ 250.000 долари

Сите обожаватели на ликот и делата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за „безначајни“ четврт милион долари.
Суперпакетот на Трамп (организација што собира пари за неговата кандидатура) „Ајде да ја направиме Америка голема повторно, повторно!“, испрати покани до сите потенцијално заинтересирани, пишува Њујорк Тајмс.
Акцијата за собирање средства наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“ е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп „Маралага“ во Палм Бич, Флорида.
Иако на настанот ќе присуствуваат кандидатите за Конгресот, собраните пари нема да одат кај нив, туку, како што пренесува Инсајдер, во суперпакетот на Трамп.
За 250.000 долари (125.000 по лице), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да имаат можност да престојуваат во „Маралага“ две ноќи.
А, за 100.000 долари по пар добиваат фотографирање со Трамп, но ќе вечераат со кандидатите за Конгресот, не со поранешниот претседател.
За 5.000 долари се добива вечера со кандидатите и „коментари“ од Трамп.

извор: rts.rs