Синдикатите на нов протест в четврток за минимална плата од 18.000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 6:36 PM

Синдикатите на нов протест в четврток за минимална плата од 18.000 денари

Тристотини членови на штрајкувачки одбори и органи на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска донесоа одлука за организирање протест пред Собранието на 10 февруари, со почеток во 11 часот. Од ССМ упатуваат и општ повик до сите граѓани, работници и синдикати за поддршка на пратениците, веднаш да го изгласаат Законот за минимална плата од 18.000 денари и спирално зголемување на останатите плати, објави ССМ на својот фејсбук профил.

Донесена е и одлука за организирање на други облици на притисок, блокирање на фабрики, институции и патишта со предходна најава и организација.