Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ доживеа сообраќајна несреќа кога тргнала кон аеродором за лет, од Дубаи за Белград. Имено, таксито во кое била заедно со нејзината другарка се судрило со друг автомобил.
– Анастасија тргнала на лет за Белград, но неа и пријателката таксистот ги однел на погрешен терминал. Потоа успеале да најдат друго такси, но тоа доживеало несреќа на пат. Дошла полиција и брза помош, но Анастасија и нејзината пријателка немале никакви повреди. Дошло и трето такси, но кога стигнале на аеродромот им било кажано дека авионот бил затворен пет минути претходно – открива за „Блиц“ извор близок на пејачката.
Ражнатовиќ проговори откако таа и пријателката го пропуштија летот:
– Пропуштен е летот поради комбинација на несреќни околности. Ќе се чека 10 часа до следниот. Овој ретро Меркур ме „здроби“. Нема што се не ни се случи денес, но клучот е да останете позитивни дури и кога ви доаѓа да плукате на се живо – изјави Анастасија.
извор: toxictv.rs
фото: Kurir.rs