Крпите и бричовите чувајте ги подалеку од бања-таму собираат бактерии – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 5:08 PM

Крпите и бричовите чувајте ги подалеку од бања-таму собираат бактерии

Секој предмет во куќата има свое место. Вообичаено е во бањата да чуваме корпа со алишта за перење, крпи, бричови и други средства за хигиена. Сепак, дали некогаш сте помислиле дека тие се оштетуваат стоејќи во бањата.
Дознајте зошто крпите и бричовите никогаш не треба да бидат во вашата бања.
Крпи
Ако одлучите да чувате крпи и бањарки на полиците во вашата бања, треба да заборавите на убавиот допир на чиста, мека крпа. Тоа е затоа што тие секогаш ќе бидат влажни и на тој начин ќе станат многу погодна средина за криење на бактерии. Затоа, подобро е да најдете друго место во вашата куќа за да ги складирате чистите работи за капење.
Без разлика колку е топла и сува вашата бања, крпите се секогаш влажни. Исто така, обидете се да избегнувате сушење влажни крпи во бањата. Подобро е да ги ставите во добро проветрена просторија или во машина за сушење. Ако ја свиткате или завиткате крпата откако ќе ја користите, нема да се исуши и ќе почне да смрди.
Бричови
Машинките за бричење рѓосуваат и поради зголемената влажност, што може да предизвика сериозни инфекции. Резервните ножеви може да се скршат пред да почнете да ги користите. Затоа бричовите можете да ги чувате само во затворени пакувања кога станува збор за бањата. Покрај тоа, за да го продолжите животниот век на вашиот брич, треба да го исушите по употреба за да избегнете ‘рѓа.

извор: mondo.rs