Спасен маж од водите на Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 4:24 PM

Спасен маж од водите на Вардар

Денеска во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје, дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош, соопштија од МВР.

Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно се фрлил во реката, а инаку е пациент во болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.