Несреќен 23-годишен маж од Тајланд со ножици си го отсекол пенисот откако пушел марихуана и доживеал страшна епизода на психоза, пренесува Daily Star.
Имал ерекција без сексуално возбудување и почнал да верува дека му се искривени гениталиите. Сакајќи да ја запре болката и да ја „поправи кривината“, младиот човек зел ножици и почнал да ја сече кожата на горниот дел на половиот орган, но малку се занесол, па си го отсекол целиот пенис и почнал обилно да крвари.
Два часа подоцна возел во болница за да побара помош, бидејќи изгубил многу крв. Сепак, лекарите не можеле да му ги спасат гениталиите бидејќи биле премногу оштетени, па морале да му го ампутираат половиот орган.
Во Студијата на случај на др. Тирапон Тангсуванарук се објаснуваат деталите за страшната повреда, по која младиот човек останал со само 2 сантиметри пенис.
– Дисталниот пенис се смета за премногу кревок за реконструкција. Ампутираниот дистален дел од пенисот имал кревки грбни вени – се наведува во научниот труд.
На младиот човек му била дијагностицирана психоза предизвикана од марихуана, а халуцинациите започнале по употребата на оваа дрога. Не беа пронајдени докази за употреба на друга дрога.
Лекарите кои објавуваат вакви случаи во збирката, забележале дека во последните 20 години имало 100 случаи на психоза предизвикани од супстанции кои резултирале со осакатување на сопствените гениталии.
Тие додадоа дека веројатноста за развој на психоза при консумирање марихуана е директно поврзана со нивото на THC присутно во лекот.
извор и фото: Srbijadanas.com