(Видео) Нема исклучување на коалициите, но големите партии ќе губат по 10-на пратеници -Павле Трајанов за измените на Изборниот законик – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 11:32 AM

(Видео) Нема исклучување на коалициите, но големите партии ќе губат по 10-на пратеници -Павле Трајанов за измените на Изборниот законик

Повеќе од 20 години се расправаме, отвораме расправа  околу промена на изборите правила, реформите на Изборниот законик, но за прв пат имаме суштинска отворена аргументирана расправа во која се вклучени и други политички партии, вели Павле Трајанов од Демократски сојуз за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

„Сега имаме една широка расправа, мислам дека пред се некои од анкетите што ги правевме интерни и пошироко некаде околу 60, а некаде и многу повеќе проценти од граѓаните се за промена на бројот на изборни единици, односно Македонија да биде една изборна единица и сметаат дека така ќе започнат вистински демократски процеси во државата“, вели Трајанов.

Тој вели бидејќи ќе се отвори расправа во Собранието ќе има повеќе субјекти кои од нивниот став или гласање ќе зависи исходот на решението што се нуди.

„Во суштина сега има еднопартиски систем на владеење, партијата која што ќе дојде на власт, да не зборувам за ДУИ која што е константна долги години, но зборувам за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, штом дојдат на власт тие ја преземаат целокупната власт во свои раце. Коалиционите партии без кои никогаш не би победиле, околу 25 партии со нив кои околу 5000 прават околу 100 000 гласови. Малите партии на големите партии им служат само за собирање на гласови, штом дојдат на власт ги исклучуваат од било каква можност да влијаат на носењето на било каква главна одлука“, изјави Трајанов за „Стадион“.

Смета ако се прифати овој концепт Македонија да биде една изборна единица, Парламентот ќе ја рефлектира различноста и определбата на граѓаните, составот на Парламентот ќе биде многу поинаков.

„Потписниците на овој законски проект изјавивме дека отвораме расправа, понудивме и почнавме да разговараме со други политички партии. Во овој процес на координација ние не условувавме затоа што во разговорите  со Зоран Заев и Ковачевски кога беа заедно, разговараме кои приоритети треба да бидат вградени во програмата на новата власт. Тоа го усогласивме со СДСМ дека тоа ќе биде владин приоритет, сите партии застанаа направија координации, ние рековме дека оптимално време е од формирањето на владата во рок од три месеци за да се донесе овој закон“, изјави Трајанов.

Сега сите се „за“, СДСМ се „за“, но тие ставаат еда запирка што за мене е неприфатлива, бидејќи за да се донесе законот нас ни треба мнозинство на пратеници од 61 пратеник, но дека е потребен и консензус. Таа флоскула се користи 20 години и постојано меѓусебно се договараат трите или четирите партии, дека една трба да биде против, вели Трајанов.

ВМРО ДПМНЕ како поголема политичка партија ја презема координацијата за да разговара со останатите политички партии, според разговорите кои досега ги водиме со ВМРО тие застанаа многу посилно околу овој проект да го поддржат. Се надевам дека тоа е искрен пристап, дека не е да ја тестираат СДСМ во искреноста, вели Трајанов.

Појаснува за измените на Изборниот законик кои во 2020 година преку ноќ пред изборите се менува, пти што малите партии не ни успеале да видат што промени таму се предлагаат, ги донесоа измените си направија монопол, вели Трајанов.

„Во разговор со ОБСЕ, тие беа изненадени за некои решенија во законот што се донесени преку ноќ околу системските предности,никаде во свет нема такви решанија и како е тоа можно да тврдат дека ОБСЕ тоа го предложило“, изјави за „Стадион“, претседателот на Демократскиот сојуз.

Ние сега овие промени ги буткаме, СДСМ вика „да“, ВМРО ДПМНЕ започна сериозна кампања за една изборна единица и сега очекуваме овие денови да биде ставен законот на дневен ред, тој е на дневен ред, но треба да се активира механизамот.

„Предлагаме комисиска расправа, расправа на пленарна седница каде сите парламентарни партии ќе ги искажат своите ставови, аргументи за или против, понатаму ќе предложиме сите заедно што сме потписници да се одржи јавна расправа во Парламентот, ќе ги поканиме сите парламентарни, вонпарламентарни партии, ОБСЕ/ОДИХР, ЕУ, експертите, невладиниот сектор, медиумите и тука можеме да ги соочиме аргументите“, изјави Трајанов.

Демократскиот сојуз како партија има подготвено анализа на изборните модели врз основа на компаративни искуства и кои ќе ги објават, вели тој. Појаснува и што е предноста зошто албанските партии не сакаат да се менува Изборниот законик.

„На пример во шестатта изборна едница, пратеник се станува со шест, пет или седум илијади гласа, во тројката или четворката од 9500 или 10 000 гласа. Значи тие имаат 5000 или 6000 помалку гласови, а имаат 20 пратеници. Ние сега сакаме секој пратеник исто да тежи. Ако милион и двесте гласачи гласаат, тоа не се случило досега, 120 пратеници, тоа значи дека 10 000 ќе прават еден пратеник и тоа е природен праг што ќе се прави без да дефинираме еден ипол, два посто праг за да се влезе“, вели Трајанов.

Анализата не е точно дека ќе губат по еден, два пратеници големите партии ќе губат многу повеќе, ако им одземете на СДСМ сега 60 или 70 илјади гласови, или на ВМРО тоа се околу 10 –на пратеници.

Засега не се предлагаат исклучување на коалициите, вели Трајанов.

„Ние сега за сега сме да нема никакво исклучување на коалицијата, предлагаме промени само за една изборна едниница и без изборен праг. Сите други промени можеме ние во текот на расправата да ги прифатиме како сугестија или да се вметнат како амандман, клучно е во овој закон што ние ставивме одредба и за помалите етнички заедници околу 20% да може да влезат во Парламент“, изјави Трајанов.

Павле Трајанов вели дека предлагаат реформите на изборните промени да се одвиваат во три фази.

„Првата фаза вака како што е предложен законот да се прифати, втората фаза темелна реформа околу системските предности на големите четири партии кои што имаат монополска положба, за тоа доставив иницијатива до Уставниот суд за да ги видат законските решенија со кои се дава огромна предност, дури го инициравме и финансирањето на паратиите за редовна активност вклучително и оној дел што го зема за партиски институти, тоа е само за да плаќаат неколку луѓе кои се само присутни во партијата. Тие исклучиво постојат само за „плукање“ на политичкиот противник. И третата фаза која што ја инициравме, таа иницијатива околку 90 пратеници на 120, тоа е константна иницијатива на Демократскиот сојуз во сите наши избори и програми и тоа го предлагаме“,изјави Трајанов за „Стадион“ на Радио Канал77.

Г.Д