Марк Цукерберг веќе не е меѓу десетте најбогати луѓе во светот – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/22 9:42 PM

Марк Цукерберг веќе не е меѓу десетте најбогати луѓе во светот

Главниот извршен директор на американската компанија „Мета“, Марк Цукерберг повеќе не е на листата на 10-те најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот „Форбс“.

Во текот на денот Цукерберг изгубил 29,7 милијарди долари (25,9 отсто), а моментално неговото богатство се проценува на 84,8 милијарди долари, пренесува ТАС С.

Тој сега е на 12. место на листата на милијардери на Форбс, бидејќи акциите на компанијата Мета забележаа рекорден еднодневен пад во четвртокот, по разочарувачката прогноза за приходите за третиот квартал.

Цукерберг поседува околу 12,8 отсто од оваа технолошка компанија, порано позната како „Facebook“.

Неговиот еднодневен пад на богатството е меѓу најголемите досега, веднаш зад сопственикот на „Tesla“, Илон Маск, која изгуби 35 милијарди долари за еден ден минатиот ноември.

Извор: Ртв.рс