Ана Цветановска нема да настапи на скијатлонот утре поради зголемениот број ковид случаи на ЗОИ – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/22 2:53 PM

Ана Цветановска нема да настапи на скијатлонот утре поради зголемениот број ковид случаи на ЗОИ

Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина.
За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка.
Таа  ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време.