Грција од понеделник го укинува ковид тестот при влез во земјата – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/22 12:35 PM

Грција од понеделник го укинува ковид тестот при влез во земјата

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена лани на 19 декември, за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници прти влез во земјата.
Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.
„Од понеделник 7 февруари, влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис.
Како што е практика во Грција, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во службен весник.
Последната владина одлука од 24 јануари е во сила до овој понеделник, до шест часот наутро. Таа предвидуваше задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

МИА