Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 150-годишнината од неговото раѓање, но потоа беше исвиркан од група на граѓани кои мавтаа со знамиња. После Стево Пендаровски помина и првиот вицепремиер Артан Груби кој освен свирежите од гневниот народ, доби и порака.
„Уааа, предавници. Засрамете се, ја продадовте златна Македонија“, дофрли една постара жена мавтајќи со знамето со сонцето од Кутлеш.
Во рамки на одбележувањето на јубијелот, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Уааааааааааааа за @SPendarovski pic.twitter.com/0z1IDlIGmo
— Демир (@Trollowsky) February 4, 2022
150 години од раѓањето на Гоце Делчев pic.twitter.com/ldAxam44XK
— Tode Ognen (@Ljupce73) February 4, 2022