(Видео) Морбидно: Манекенки во секси долна облека рекламираат ковчези – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/22 11:48 AM

(Видео) Морбидно: Манекенки во секси долна облека рекламираат ковчези

Руско погребно претпријатие најмило неколку жени полуголи да позираат покрај ковчези во скандалозна реклама. Фирмата сакала да ја зголеми продажбата, но ги дочекале низа коментари.

Руската фирма „Хороним“ во реклата за своите усуги користи модели во секси долна облека во рекламно видео кое луѓето го нарекоа „невкусно и навредливо“, а некои ги обвинија за бласфемија.

На објавеното видео се гледа како неколку девојки позираат и внатре во ковчезите, заводливо наведнувајќи се ко нив.

– Огласувањето на погребни услуги достигна ново ниво – стои во описот на видеото од фирмата која го прикачила на Твитер.

Не се знае дали властите ќе преземат правни мерки против рекламите, но тие сигурно предизвикаа возбуда кај онлајн заедницата.

извор: 24sata.hr