Олимпискиот стадион во Пекинг “Птичје Гнездо” во 13 часот по македонско времеќе стане првиот стадион во историјата на кој ќе се одржат церемонија на отворање и на летни и на зимски олимписки игри.
Кина е домаќин на Зимските олимписки игри на кои Македонија учествува со тројца натпреварувачи, а директорот на церемонијата на отворање на Летните игри во 2008-та, Џанг Јиму ја осмисли и оваа церемонија.
Во 2008 година, најдобриот кинески гимнастичар, Ли Нинг (три златни олимписки медали) “леташе низ воздухот“, се до покривот на стадионот каде што го запали Олимпискиот факел.
Пред четири години, олимпискиот првак во уметничко лизгање, Јуна Ким, го запали Олимпискиот пламен, на ОИ Пјонгчанг 2018 кои се одржаа во Јужна Кореја.
Факелот беше изнесен на Олимписката патека од страна на двајца членови на женскиот тим за хокеј на мраз, составен од играчи од Северна и Јужна Кореја.
Северна Кореја е суспендирана од страна на Меѓународниот олимписки комитет бидејќи не учествуваше на ЛОИ Токио 2020.
Парадата на нациите на отварањето на ЗОИ ќе биде според кинеските знаци, но спортистите на Грција ќе бидат првите кои ќе влезат на Олимпискиот стадион.
Градот Милан Кортина е следен домаќин на ЗОИ во 2026 година и затоа Италија ќе биде претпоследната олимписка делегација која ќе влезе на Олимпискиот стадион Птичје гнездо.
По нив, на крај, ќе следат кинеските спортисти.
На церемонијата на отварањето на ЗОИ, Дардан Дехари ќе го носи македонското знаме, додека Ставре Јада и Ана Цветановска ќе го проследат отварањето на ЗОИ ПЕКИНГ од Олимпиското село. Тие не се во карантин и со нетрпение го очекуваат почетокот на своите натпревари.
О.К.