Наглиот пораст на цените на енергијата на пазарот ги активира европските влади за заштита на граѓаните од ценовниот шок, нудејќи им и помош при плаќањето на високите сметки.
Австрија
Најавиена е финансиска помош за домаќинствата и укинување на паушалот за зелена струја оваа година. Мерките се проценети на 1,7 милијарди евра.
Белгија
Белгиската влада соопшти дека ќе го намали ДДВ на струјата, како дел од пакетот мерки за заштита на потрошувачите.
Велика Британија
Британскиот енергетски регулатор објави дека поради рекордно високите цени на бензинот, од 1 април ќе ја зголеми регулираната цена на енергијата за најшироката категорија домаќинства, за 54 отсто. Истовремено, пакетот вклучува и попуст од 200 фунти на сметките за струја за сите домаќинства, со период на враќање од пет години како и попуст од 150 фунти за даноците за околу 80 отсто од домаќинствата.
Бугарија
Владата ги замрзна регулираните цени на струјата и парното за домаќинствата до крајот на март.
Чешка
Со владиниот нацрт-закон им се олеснува на домаќинствата да се стекнат со правото на социјална помош за домување, што треба да им помогне на најранливите за зголемените цени на енергијата.
Франција
Франција вети дека ќе го ограничи растот на регулираните цени на стујата на 4 отсто преку наредба, енергетска компанија ЕДФ, која е 80 отсто државна, да продава поевтина струја од нуклеарните централи.
Германија
Германската влада соопшти дека годинава би можела да ја укине таксата за обновлива енергија во сметките за да се намали притисокот од зголемените трошоци врз милиони домаќинства.
Грција
Најавено е зголемување од 2 отсто на минималната плата и на даноците на имот за 13 отсто за да им помогне на домаќинствата со зголемената инфлација и повисоките трошоци за енергија.
Италија
Минатиот месец, Рим објави уште еден пакет мерки, во вредност од 1,7 милијарди евра, со цел да се намалат огромните сметки за енергија и да им се помогне на фирмите да го надминат бранот на пандемијата.
Холандија
Намалени се даноците за енергија за осум милиони домаќинства.
Норвешка
Се субвенционираа сметките за струја за домаќинствата во декември, покривајќи повеќе од половина од износот, а потоа се зголеми тој удел на 80 проценти за периодот јануари- март.
Полска
Најавено е намалување на даноците за енергија, на цените на бензинот и на основните прехранбени производи како и финансиска помош за домаќинствата.
Шпанија
Намалени се неколку даноци за да се намалат и сметките, лани во декември, а мерката се продолжи до мај 2022 година.
Шведска
Државата ќе им плати компензација на домаќинствата најтешко погодени од поскапувањето на струјата, а владата ќе издвои 6 милијарди круни (661 милион долари) за мерките.
Европска комисија
Земјите од ЕУ се независни во креирањето на енергетската политика, а според регулативите, дозволено им е да преземат итни мерки за заштита на потрошувачите од повисоки трошоци, без да ги прекршуваат правилата за конкуренција, што вклучува и помош на посиромашните домаќинства и ослободување од високите даноци за енергија.
МИА