Жена со најголема уста на светот: Може да стави три крофни одеднаш – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/22 6:14 PM

Жена со најголема уста на светот: Може да стави три крофни одеднаш

Саманта Рамсдел собра импресивни 1,7 милиони следбеници на апликацијата за споделување видео, благодарение на инсертите на кои во устата става  храна со завидна големина вклучително и порција голем помфрит од Мекдоналдс.

Саманта собра и голем број следбеници на TikTok откако објави видеа на кои одеднаш во устата става три крофни.

Благодарение на нејзината невообичаено голема уста, таа официјално беше крунисана за сопственичка на најголемата женска уста во светот во Гинисовата книга на рекорди.

31-годишната Американка претходно тврдеше дека ја има најголемата уста на светот, а тоа признание конечно и беше доделено – барем во женска категорија. Сега вели дека се чувствува „одлично“ поради фактот што сега може да ја прослави оваа своја необична предност, поради која претходно се чувствувала крајно несигурно.

извор-avaz.ba