Стапија на сила новите правила на Европската унија кои го регулираат транспортниот пазар.
Голема промена е што возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните земји каде што им е седиштето, ќе мора да бидат платени според минимумот во таа земја.
Во пракса, доколку возачот на фирма регистрирана во Хрватска превезува стока од Германија до Франција, ќе треба да се плати според минималната саатнина во тие земји, пишува Јутарњи лист. Ова, додава, не важи за возење од една во друга земја и назад.
Возачите ќе треба да го регистрираат и преминот и да го стават знакот на таа земја на првиот паркинг при влез во друга земја членка на Европската унија.
Подоцна овој месец ќе стапат на сила и други правила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат во земја надвор од нивната матична земја.
Целта на овие измени е да се запре практиката на возачи од Полска, Романија или Бугарија да возат стока меѓу другите земји-членки и да добиваат значително помали плати во нивните земји.
Според весникот, овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но веројатно ќе се одразат на растот на цените на транспортот.
извор-rs-lat.sputniknews.com