Водителката Сузана Манчиќ моментално ужива во среќен брак со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос, а во 1997 година се разведе од музичарот Небојша Куниќ, кој беше член на познатата група „Седум млади луѓе“.
Со него ги има ќерките Теодора и Наталија, а иако била многу заљубена во сопругот, како што вели, еден ден меѓу нив „завладеала тишина“.
– Со сопругот едноставно престанавме да разговараме – истакна Сузана при гостувањето во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва во Србија.
– Меѓу нас владееше тишина и далечината почна да се развива.
Манчиќ не крие дека и е жал што вака се случило и напоменува дека и пречи што општеството има различен поглед кон лугето по разводот.
-Кој и да стапи во брака, сака тоа да биде засекогаш. Жал ми е за мојот развод. Тоа е болна пресвртница во животот и на мажите и на жените. Но, глупаво е мислењето дека по разводот жени стануваат „распуштеници“, а за мажите велат дека се слободни – вели Манчиќ.
Во претходното интервју водителката изјави дека останала во добри односи со поранешниот сопруг бидејќи се разделиле пријателски и без расправија.
– Разговарам со мојот поранешен сопруг Небојша, без разлика што одамна раскинавме. Никогаш не се скаравме, разводот ни се случи во мир и мислам дека така треба да биде. Ќерките Наталија и Теодора редовно се слушаат со нивниот татко, никогаш не сум влијаела на кој било начин да ми се наруши врската. Не го спомнувам често во јавноста затоа што има свој живот. Тој е дел од мојот живот кој ниту можам ниту сакам да го избришам – изјавила во една прилика Сузана.
Извор: blic.rs