Свадбата би требало да биде еден од најсреќните денови во нечиј живот, но оние кои живеат во Ростовската област на југот на Русија тоа не можат да го покажат.
Причината за тоа е што властите во Ростов донесоа уредба за забрана на смеење на церемонијата на граѓански брак, објави таблоидот Комсомолска правда.
Според новите правила, освен смеење, на младоженците во текот на свадбата им е забрането да консумираат алкохол, да јадат, да преместуваат мебел и цвеќиња, гласно да зборуваат, да викаат, да шетаат, да носат големи чанти и да носат валкани чевли и облека.
„Точно, бракот е радосен настан, но не треба да ве понесе. Дозволено е да се насмевнете, но нема ништо смешно во церемонијата – тоа е сериозен, нежен настан“, рече Олга Исајенко, главен матичар во Ростов.
Весникот Ростов напиша дека поради потсмевот на јавноста, правилото за смеење сепак било отфрлено.
извор: Kurir.rs