По подолг период во Штип повторно гореше автомобил. Пожар на возило било пријавено ноќеска, дваесетина минути пред полноќ. Нема повредени, предизвикана е само материјална штета.
„На 02.02.2022 во 23.24 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип настанал пожар во патничко моторно возило „тојота јарис“, сопственост на П.А.(50) од Штип. Повредени лица нема,“ информираат од штипската Полиција
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип. Го гаселе две противпожарни возила и петмина пожарникари. Се интервенирало бргу и навремено.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Истрагата треба да ја утврди причината за пожарот во возилото.
foto-arhiva