На 65 години стана случајна модна икона – Лин Слејтер блогерка и инфлуенсерка – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/22 2:37 PM

На 65 години стана случајна модна икона – Лин Слејтер блогерка и инфлуенсерка

Лин Слејтер живееше нормален живот шест децении, предаваше социјална работа на Универзитетот Фордам речиси четириесет години и немаше поим дека случајно, еден ден, нејзиниот живот ќе се заврти за 180 степени – и токму тоа се случи неодамна. Шетала по улиците на Њујорк и одела да се сретне со пријателка на кафе, кога наеднаш од сите страни била опкружена со фотографи и новинари! Причина?  – Мислеа дека таа е икона на модната индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Accidental Icon (@iconaccidental)

Лин отсекогаш ја сакала модата и тоа можело да се забележи на неа. Нејзините комбинации на облека отсекогаш предизвикувале пофалби кај пријателите, а откако медиумите објавија фотографии од споменатата прошетка, таа стана случајна икона!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Accidental Icon (@iconaccidental)

Од тој состанок со претставниците на седмата сила, Лин го отвори својот онлајн моден блог „The Accidental Icon“ и профил на Инстаграм каде моментално има повеќе од 155.000 следбеници. Блогот беше делумно резултат на фрустрација околу јазот помеѓу нејзиниот креативен и академски живот и границите во кои таа можеше да се изрази на Универзитетот.

„Ми требаше место каде што ќе можам поизразно да пишувам за моите ставови“, објаснува Лин, додавајќи дека модата и дала решение за невидливоста што доаѓа со годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Accidental Icon (@iconaccidental)

„Отсекогаш сум била бунтовник и почнав да ризикувам повеќе со мојот стил на облекување. Дојде до точка што секој ден ме запираа луѓето на улица да ме прашаат за мојата облека, а тоа беа главно млади луѓе, ги охрабрив да основаат свој блог.

Лин денеска потпиша договор со компанијата „Elite Model Management“ и не се грижи за модните „правила“. Таа мисли дека ако се чувствувате удобно во некоја облека, тоа нема апсолутно никаква врска со вашата возраст.

Ноншалантноста, провокацијата, оптимизамот, ексцентричноста, директноста и бунтовноста се квалитетите што ја красат оваа необична и прекрасна жена – а како се чувствува таа денес во сопствената кожа?

„Каква иронија, денес сум многу посигурна во својот физички изглед отколку кога бев млада со убава, долга, костенлива – кафена коса и лице без брчки“, низ насмевка изјавила Лин.

Преземено од: https://stil.kurir.rs