Последниве денови Георгина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, не излезе од центарот на вниманието на јавноста, бидејќи беше објавена документарна серија на Нетфликс за нејзиниот живот.
Серијата „Јас сум Георгина“ (Soy Georgina) ни го прикажува нејзиниот луксузен живот, а беше најавена како емотивен портрет на секојдневието на „мајката, инфлуенсер, бизнисменка и партнерка на Кристијано Роналдо“.
Георгина привлече големо внимание со однесување и изјавите пред камери, па за неа се пишуваше со денови, а уште пред да се објави серијата во медиумите се крена бура бидејќи нејзиниот вујко прозборе и му кажа на Роналдо дека тој до себе имал „зло од жена“.
– Таа се срами од нас и веројатно мисли дека е подобра од нас бидејќи не живееме луксузно како таа – истакнал нејзиниот вујко Хесус Хернандез.
– Никогаш ништо не барав од неа! Откако е со него, еднаш или двапати ми се јави, а јас бев тој што се мачеше да и обезбеди пристоен живот на нејзината сестра и неа.
Тој, исто така, ја обвини Георгина што не го поканила семејството кога починал нејзиниот татко.
За британските медиуми беше особено интересно да истражат кои се родителите на Георгина, а се покажа дека приказната за нив е поинтересна отколку што очекуваа.
Таткото на убавицата Хорхе Родригез бил дилер на кокаин и канабис, бил уапсен и осуден на десет години затвор. Две години бил затворен во Шпанија, а во 2003 година бил осуден на 11 години затвор, бидејќи планирал неуспешен шверц на кокаин вреден над 120.000 евра од Шпанија во Франција. Тој бил ослободен од затвор во 2008 година, но набрзо се вратил таму поради шверц на смола канабис во вредност од 1.200.000 евра од Мароко во Шпанија. Повторно бил ослободен во 2013 година.
Хорхе потоа доживеа мозочен удар и имаше тешки здравствени проблеми со кои се бореше две и пол години, по што почина во 2019 година.
Мајката на Георгина е Ана Марија Хернандез, за чиј живот не се знае многу, но се знае дека моментално живее во Италија. Убавицата има и сестра Ивана, а во својата документарна серија ја спомна и раскажува како непознат маж им „пуштил ветер“ во лицата кога биле мали и кога првпат пристигнале во Шпанија, кога, како што вели, таа сфати дека луѓето можат да бидат зли.
Георгина Родригез е родена во Аргентина, но пораснала во Хаки, град во североисточна Шпанија. На многу млада возраст почнала да работи и да се издржува, живееле во Лондон, каде останала да учи англиски, а извесен период работела како дадилка во Бристол.
Роналдо го запознала на крајот на 2016 година додека работела како асистент во шопинг во продавницата на модната куќа Гучи во Мадрид.
-Првпат се запознавме во Гучи, каде работев како продавачка – изјави таа во една прилика за The Sun.
– Неколку дена подоцна повторно се сретнавме на настан од овој бренд. Тука можевме да разговараме во порелаксирана атмосфера, надвор од работната средина. За двајцата тоа беше љубов на прв поглед, рекла таа.
Роналдо не мислел дека Георгина ќе му биде љубов до крајот на животот.
– Искрено, не го очекував тоа. Но, по некое време сфатив дека тоа е правилно за мене – истакна фудбалерот.
Георгина и Кристијано моментално очекуваат близнаци, а во 2017 година парот ја доби ќерката Алан. Заедно се грижат за синот на фудбалерот Кристијан Џуниор кој го доби со неименувана Американка која се откажа од старателството и близнаците Ева и Матео кои Роналдо ги доби со помош на сурогат мајка.
Извор: glossy.espreso.co.rs