Фејсбук со пад на корисници, за првпат по 18 години – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/22 1:02 PM

Фејсбук со пад на корисници, за првпат по 18 години

Гигантот Фејсбук забележа пад на дневната активност на своите корисници, по првпат во неговата 18-годишна историја, јави Би-Би-Си. Според Мета Нетворкс (Meta Networks), дневната активност на корисниците падна на 1.929 милијарди во трите месеци до крајот на декември. Бројката во претходниот квартал изнесуваше 1.930 милијарди.
Според Марк Закерберг, човекот кој го создаде Фејсбук, фирмата е погодена бидејќи корисниците, особено оние помладите, се префрлија на други социјални мрежи.
Мета, која по Гугл е втората најголема светска платформа за дигитално рекламирање, соопшти и дека е погодена од промените во приватноста на оперативниот систем на Епл.
Според главниот финансиски директор Дејв Венер, промените направија на брендовите да им биде потешко да таргетираат и да го измерат своето рекламирање на Фејсбук и Инстаграм, што би можело да има влијание „од редот на 10 милијарди долари“ за оваа година.
И покрај тоа што компанијата се обиде да инвестира во видео, со цел да се натпреварува со ТикТок, заработува помалку пари од тие понуди, отколку Фејсбук и Инстаграм.
Фејсбук отсекогаш беше платформа која расте. Но, во последните години, дојде до застој на растот на платформата во Европа и во САД.
„Фејсбук не е толку популарен кај младите како некогаш. ТикТок му наштетува на бизнисот.
Но, има и други причини поради кои инвеститорите се загрижени. Можеби одговорот кој ќе ги реши проблемите на Мета е да го купи ТикТок? Но, регулаторите во САД тоа не би го дозволиле никогаш, со оглед на законите за анти-натпреварување“, пишува Би-Би-Си.

МИА