Таа е една од најубавите жени, а мажите ја изневеруваа и оставаа – Љубовните бродоломи на Никол Шерцингер – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/22 1:20 PM

Таа е една од најубавите жени, а мажите ја изневеруваа и оставаа – Љубовните бродоломи на Никол Шерцингер

Поранешната пејачка на „Пусикет Долс“, Никол Шерцингер, денес гордо ја носи титулата на една од најатрактивните жени во Холивуд.

43-годишната убавица од 2019 година е во врска со седум години помладиот Том Еванс, шкотски рагбист. Тие се запознале во шоуто ”The X Factor: Celebrity” во кое таа беше член на жирито со Сајмон Кауел и Луис Волш. Том се натпреваруваше со своите колеги, спортистите Бен Фоден и Леви Дејвис и го формираа бендот „Try Star“, кој заврши на петтото место.

Никол често флертуваше со Еванс во шоуто и ја забавуваше публиката кога таа ’полуде’ за време на еден негов настап на кој тој ја соблече маицата и се намокри со вода. Двојката првпат беше видена како се бакнува во бар во Лондон во декември 2019 година, а врската ја потврдија во јануари 2020 година кога се собраа на забава по доделувањето на Златните глобуси.
И иако сите би помислиле дека оваа убавица наоѓа партнери без проблеми, како и дека сите ја држат како капка вода на дланка, во минатото таа немала многу среќа во љубовта. Таа беше во врска со тенисерот Григор Димитров, кој важеше за голем женкар, а таков се покажа и кон неа. Тие беа заедно три години, но наводно нивната врска била далеку од идеална, па се испоставило дека тој ја изневерил неколку пати. Покрај тоа, таа сакала брак додека Димитров не беил подготвен да се смири, па со години ја влечкаше убавата пејачка.

Пред Бугаринот излезе повредена од седумгодишната врска со Формула 1 возачот, Луис Хамилтон. Луси бил виновен за раскинувањето, бидејќи пејачката никогаш не му била на врвот на неговите приоритети, а „долеа масло на огнот“ кога тоа јавно го кажа.

„Автомобилите се мои бебиња. Еднаш кажав дека мојата девојка ќе мора да прифати дека е на второ место, по автомобилот“, истакна тој.
Сепак, на секој може да му биде жал што ја загубил оваа убавина во својот живот. Пред неколку дена се појави на еден настан, апсолутно блесна во бел костум кој и прилегаше повеќе од совршено. Жената изгледа како да не старее, а нејзината егзотична убавина ги плени погледите каде и да се појави.

И иако денес може да си дозволи се што ќе посака, работите не биле отсекогаш така идеални. Нејзините родители не можеле да го платат нејзиното образование, па таа сама морала да заработува. Продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, па дури и дарувала крв за да добие пари.

„Бев најсиромашна додека студирав. Дарив крв за да добијам пари“, призна таа и додаде дека нејзиниот најчест оброк во тоа време биле палачинки со вода бидејќи биле евтини и заситувачки. „Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имала некој да ми купи автомобил или да плати часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојата работа“, изјави Никол.

Извор:/stil.kurir.rs

Фото: Фејсбук