Ифлацијата во Турција во јануари изнесуваше 48,69 отсто, што ја означува највисоката стапка на инфлација од средината на 2002 година, непосредно пред доаѓањето на власт на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави ДПА.
Тоа е резултат на поскапувањата на струјата, природниот гас и патарините на почетокот на оваа година. Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) соопшти дека инфлацијата во јануари е зголемена за 11,1 отсто во споредба со претходниот месец.
Производните цени значително се зголемени, при што на годишно ниво, минатиот месец растот на трошоците на живот изнесуваше 93,53 отсто, соопшти статистиката.
Транспортот, храната и опремата за домаќинството се меѓу ставките што забележуваат најголем раст од година во година, соопшти Институтот.
Турската економија веќе со месеци наназад се бори со падот на вредноста на националната валута – лирата, со високата невработеност и со покачувањето на цените, што носи големи оптоварувања за домаќинствата.
Централна банка дозволи за неверојатни 500 поени намалување на клучните каматни стапки, и покрај растечката инфлација во текот на 2021 година, со што ја турна лирата на рекордно ниско ниво.
МИА