Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Во Скопје, облачно со сончеви периоди, умерен ветер од северен правец и температура до седум степени.
До недела ќе се задржи променливо облачно време. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.
Највисока снежна покривка од 50 сантиметри утрово има во Маврово, на Попова Шапка е 38, а во Крушево 30 сантиметри.
Најниска темперaтура од -8 степени, пак, е измерена на Попова Шапка, во Маврово -6, Охрид, Битола и Крушево -4. Еден степен над нулата е Штип, Струмица и Демир Капија, во Скопје 3 степени, Дојран 4 и во Гевегелија 6 стпени.