Хана Хуљиќ на Инстаграм покажа во чие друштво ужива, а фотографијата предизвика вистински воодушевување.
Откако се дозна дека е во врска со Петар Грашо и дека чекаат бебе, Хана Хуљиќ ретко се огласуваше на социјалните мрежи, а сега ги изненади своите следбеници со својата нова фотографија.
View this post on Instagram
На Инстаграм таа се пофали дека ужива во друштво на нејзината најдобра пријателка и идна кума, пејачката Доменика Жувела, а тие две на фотографијата шират насмевки од уво до уво.
Хана со рацете го покри стомакот и во описот стави само срце, додека Доменика со истата фотографија во своите приказни на Инстаграм напиша: „Пладне со кумата“.
Новата фотографија од бремената Хана предизвика вистински воодушевување на социјалните мрежи.
Извор: Дневник.хр