Новак Ѓоковиќ е познат хуманитарец, а неговата фондација во соработка со УНИЦЕФ донираше многу пари и се обиде да им помогне на семејствата во егзил кои се без храна и пари.
Пред неколку години, една средба му оставила посебен впечаток на Новак, а додека ја раскажувал се расплакал.
Во подкастот Луис Хаус од ноември 2017 година, Ѓоковиќ зборуваше за многу нетениски работи кои го засегаат, а пред се се осврна на посетата на Центарот за имиграција каде што беа децата. Му предложиле да им се придружи и да си игра со нив, по десетина минути се опуштил, а потоа некој го потапкал по рамо.
– Жена од УНИЦЕФ дојде со мајката на детето со кое си играв. Тоа беше девојче на, да речеме, две и пол години, а само нејзината мајка ми рече: „Време е да одиме…“ Ѓоковиќ подзастана кога го преплавија емоции.
– Мислев … – најдобриот тенисер на светот ја голтна кнедлата.
– Сè уште ми е тешко … си помислив, каде одат, што ќе биде со нив? Извинете, и денес сум емотивен, бидејќи не знам каде отидоа. Мајката имала син од шест-седум години и девојче од две-три години и патуваат, којзнае каде, пешки. Тие заминуваат од дома, ништо зад себе. И сега треба да кажам нешто пред камера? Не можам да зборувам, тоа е една од работите што ти го кршат срцето – рекол Ѓоковиќ, чии очи биле полни со солзи.
Српскиот ас додаде дека никогаш во животот не плачел толку …
-Тоа го носи војната, но во исто време ми е драго што и самиот ја поминав, низ војната од 1990-тите, ме направи на некој начин почовечен.
Извор: Еспресо.ко.рс
Фото: Профимедиа